Рамка од пушка пронајдена во тоалет во основно училиште во Скопје

by Fokus

Во тоалет во основно училиште во населбата Ченто во Скопје била пронајдена рамка од пушка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денес во 7. 55ч. во основното училиште ’25 ти Мај’, лоцирано на ул.’Алија Авдовиќ’ во Скопје, во машкиот тоалет од страна на хигиеничар пронајдена е рамка од пушка. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Поврзани новости