Пратеникот Зекир Рамчиловиќ од Здружението за културно обединување на Бошњаците од Македонија (АВАЗ) по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека предлозите на осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во најголем дел се прифатливи, објави Макфакс.
– Се разговараше и за координативното тело за национално помирување. Со премиерот констатиравме дека тоа е најдобро решение за обединување. Деновиве ќе испратиме барање до Џафери за негово формирање – рече Рамчиловиќ.
Тој додаде дека секоја иницијатива е добредојдена.
– За координативното тело сите предлози се добредојдени и со тоа да се дадат најдобри решенија. Ние ќе работиме транспарентно. Сите ќе бидат поканети. Се надеваме дека сите ќе земат учество, дека ќе го разберат ова – рече Рамчиловиќ.
Тој додаде дека сè уште не е одлучено кој ќе биде координатор на новата пратеничка група и дека тоа ќе се знае во текот на денот.
Како што рече, АВАЗ останува на ставот дека референдумот не е успешен.