Антоније Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус е обвинет за наводно сексуално вознемирување на црногорската продуцентка, Лејла Кашиќ. Таа зборуваше за се на социјалната мрежа Инстаграм:
„Вчера на снимањето на епизодата `Дневници` доживеав сексуално вознемирување од нашиот гостин, големата интелектуалка, регионално призната и влијателна личност, амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ, Антониje Пушиќ, попознат под псевдонимот Рамбо Амадеус“ – тврди Лејла Кашиќ во својата најава.
View this post on Instagram
Кешиќ наведува дека за целиот случај го известила УНИЦЕФ и дека ја чека нивната официјална реакција, а дека „ќе бидат известени и надлежните органи“.
Како што може да се заклучи од објавите на социјалните мрежи, наводниот случај на сексуална злоупотреба се случил во Херцег Нови, каде екипата на РТВ Црна Гора снимала епизода од емисијата „Дневници“ со музичарот.
Во оваа прилика, пејачот не одговараше на повиците и прашањата на новинарите, а се верува дека наскоро ќе проговори за немилиот настан и ќе ја претстави својата страна од приказната.
Во својата објава на Инстаграм, продуцентката напиша и дека „страшно е, опасно, проблематично што некој склон кон девијантно однесување преку вклучување во УНИЦЕФ има пристап до најранливите категории на општеството“.
-Тоа е неприфатливо. Секако дека ме нарекуваа луда и глупава. По вербалниот конфликт и крајот на се, добив порака која е само уште еден обид за манипулација, во која вели дека имам лош впечаток за него дека можеме да бидеме добри пријатели – напиша Кашиќ.