Рамадани: Заев не внесе во НАТО, а ВМРО и ДУИ ја „пљачкаа“ државата

by Фокус

Поранешниот пратеник Исмен Рамадани на денешната трибина на коалицијата „Можеме“ изрази поддршка до лидерот на СДСМ Зоран Заев, бидејќи Заев, според Рамадани, ги деблокирал евроатланските интеграции.

-Влезот во НАТО обезбедува стабилност и безбедност. Во овие 70 години ниту една земја членка на НАТО не била нападната. Стабилноста и безбедноста со НАТО ќе ги направи младите многу покреативни, потолерантни и покооперативни. Благодарение на концептот што го предводи Заев, ние денеска имаме стабилни, хармонични меѓуетнички односи. Ние денеска имаме најдобри добрососедски односи и немаме проблем со ниту една соседна земја. Со храброста која ја покажавме и со Договорите со Грција и Бугарија се отворија портите и ние галопиравме кон НАТО, сега како членка на НАТО галопираме кон ЕУ – порача Рамадани.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не била искрена за НАТО.

-ВМРО-ДПМНЕ никогаш немале намера да одиме кон НАТО, затоа што биле преокупирани да создаваат криминални структури, да ја пљачкаат државата, а ист е случајот и со ДУИ нивниот коалиционен партнер во 10 години владеење – истакна тој.

Поврзани новости