Рамадани: За спас на ДУИ Ахмети ќе мора да го тргне Груби

by fokus

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во денешното гостување на ТВ 24 рече дека Али Ахмети ќе мора да постапи мудро и доколку сака да ја спаси ДУИ од поголеми поделби со „Огнената група“, тогаш ќе мора да го „жртвува“ Артан Груби.

-Али Ахмети ќе мора мудро да постапи и ќе мора да направи промена во министрите. Повеќе се алудира на Артан Груби. Ако интенцијата е да се спаси партијата од поголема поделба, тогаш мислам не му значи многу на Ахмети една фигура или еден Артан Груби. Мислам дека тука ќе биде тој баланс кој ќе мора да го направи. Како што Ахмети постапува, полека смирено, мислам дека ќе најде солуција која ке биде во прилог партијата да се сочува. Ќе мора некој да си оди, рече Рамадани.

Тој додаде дека „Огнената група“ со излегувањето на терен покажала дека е доста сериозна и дека има голема поддршка меѓу членството.

 

Поврзани новости