Рамадан Рамадани, директорот на КИЦ Истанбул, вели дека во текот на вчерашниот ден му биле предадени клучевите од просториите на Културно информативниот центар од страна на Министерството за култура на Турција.
Рамадани додава дека со ова се исполнува една од завршните фази на меѓудржавниот договор помеѓу Македонија и Турција за основање и за активностите на културните центри од 2012 година.
-Кога бев назначен за директор на КИЦ Истанбул во 2018 година не сметав дека е некој предизвик реализацијата на овој важен договор, но испадна вистински гордијев јазол и со решавање на истиот ќе почне да се остварува уште повеќе добрата соработка во полето на Културата помеѓу двете наши земји и влади.
Во оваа прилика нема да зборам за својата работа и удел во ова зошто сум избор и централно именуван за ова работа од страна на премиерот Зоран Заев. Нема да зборувам ни за сите заслужни претставници од надлежните министерства за Култура и Надворешни работи затоа што уште ни претстои огромен труд и работа, но морам да одвојам двајца кои беа заслужни од двете наши држави за успешно одврзување на јазолот и завршување на ова фаза на имплементирање на договорот.
Министерот за култура Хисни Исмаили за неговата практичност и умешност во изнаоѓање на решенија за реализација и Сабри Демир и советникот за Балканот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Демири со неговото непоштедно лично залагање ни помогна одлучувачки за реализација на оваа фаза на меѓудржавниот договорот кој уште повеќе ќе ги унапреди одличните односи и соработка во полето на културата помеѓу двете пријателски земји што воедно е и една од мисите и целите кон кои стреми Културно-Информативниот Центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција, вели Рамадани.