Доколку уставните измени не поминат во Собрание, Македонија ги губи шансите за членство во НАТО. Пратениците треба да превземат одговорнст, со сиот ризик пред нивните симпатизери, да ги изгласаат амандманите бидејќи во моментов се најодговорни во државата, порача претседателот на Евро-атланскиот совет на Македонија Исмет Рамадани во итервју за МИА.
-Мислам дека пратениците не се само за привилегии, туку мора да ја сносат одговорноста и тие се најдоговорни во државата. Затоа што тие се единствени во вакви ситуации кои црпат легитимитет од граѓаните. Без договор кој преку амандманите треба да помине во измените во Уставот апсолутно нема никакви шанси да продолжи процесот за членство во НАТО – вели Рамадани.
Според него 75 до 80 проценти од граѓаните на Македонија ќе бидат разочарани доколку нашата земја не се интегрира во ЕУ и НАТО. Тој го смета неодговорно однесувањето на лидерот на опозицијата кој ги повика граќаните тие да му кажат како да постапува.
Рамадани вели дека е изненаден од апстиненцијата на албанците на референдумот и дека им верувал на анкетите кои покажувале излесност од 90 проценти.
Со оглед на фактот дека на референдумот според ДИК излезеноста на гласачите во општините со мнозинско албанско население, е идентична како и кај Македонците, односно 30-40 проценти, Рамадани вели:
-За неизлезеноста на Албанците лично можам да кажам дека сум непријатно изненаден затоа што очекував и мислев дека Aлбанците ќе одат на гласање, но во исто време мораме да го признаеме фактот дека не знаеме веќе колку од граѓаните се надвор од државава, колку се тука. Но, како и да е, не е оправдување. Верував и се базирав на анкетите кои во континуитет покажуваат дека излезноста кај Албанците е некаде околу 90 проценти. Второ се зависи како албанските политичките партии во повикот за излезеност, до крај им објаснуваат на Албанците што ги чека ако помине договорот и ако бидеме членка на НАТО. Имав впечаток дека повеќе како да сакаат да се промовираат партиски и да ги мерат силите. За мене нелогично е да речеме во едно населено место три, четири дена по ред да одат партии да се претставуваат на граѓаните да им објаснуваат за НАТО. Сега прашањето е дали им се обратија на нивните симпатизри или на граѓаните за една возвишена цел, а тоа е членство во НАТО и ЕУ. Тука мислам дека требаше малку поорганизирано не премногу партиски да се експонира, туку по државнички и со луѓе експерти кои се занимаваат со овие прашања за да објаснат кои се бенефитите – посочува тој.