Спасовски: Се бара амнестија за бившото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, за луѓе кои се од нивен интерес си ги средуваат работите

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното издание на Click Plus рече дека главната причина поради која на референдумот имаше слаба излезност е бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека не е во ред да се бојкотира нешто за кое нема предлози за тоа како да се реши на друг начин.

Запрашан дали до сега некој од пратениците има пријавено закани околу донесувањето на предлогот од Владата за уставните измени, тој вели дека ниту еден пратеник нема пријавено било какво кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.

Министерот Спасовски вели дека се бара амнестија за лица кои биле дел од бившото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. На прашање дали се бара амнестија за раководните структури само или и за пратеници обвинети за настаните од 27-ми април, тој вели:

-А мислите дека за пониските структури ќе бараат амнестија. Па нормално дека за раководството бившо бараат, за луѓето кои се од нивен интерес си ги средуваат работите ако може да се заврши – изјави Спасовски.

Како што рече министерот, околу 40 лица вработени во МВР работеле со фалсификувани дипломи. Тој потенцираше дека овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добиле отказни решенија и се здобиле со кривична пријава. Исто кривични пријави биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Поврзани новости