Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека македонскиот идентитет е толку утврден што не може да биде загрозен.
-Тоа што сме статус кво не ни дава никаква надеж дека ќе може да напредуваме. Политиката понекогаш е сурова и ќе мораш да осдговориш на предизвиците. Премногу емоционално ги браниме тезите дека се атакува по нашиот идентитет и ако продолжи ќе се разнебитува Македонија и Македонците. Македонците, со сета почит кон македонскиот индентитет, според мене нема опаснност дека ќе се загуби. Макендоскиот идентите е создаван со години. Нација која има абука, има образование, има универзитети, МАНУ, до плафон еманципација, со идентитет, не може никој да му земе тоа на македонскиот народ, смета Рамадани.