Василевска: Невистина е дека јас ќе бидам кандидат за претседател

by fokus

Професорката Иванка Василевска и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека не е вистина дека таа ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.

-Смешно е сега да се лицитира со имиња. Тоа го прават оние исти ПР канали кои своите кариери ги прават наоснова на невистини. Можеби тие канали се микс и од власта и опозицијата. Во ситуацијата кога имаме нов лидер на паријтата, правиме нов имиџ, ова се користи да се изгуби фокусот, луѓето внатре да се свртат меѓу себе. Господинот Груевски има необично силно влијание и на меѓународната политичка сцена и внатре во паријата. Пет месеци се малку време да се преструктутира партијата, да се исчисти плевелот кој е насобран. Секогаш после подолг временски период се покажуваат слабости. Кога дојде Мицкоски ние сите се договоривме да почнеме од нула. Ние се гордееме со нашите претходници, но и учиме од претходните грешки.

Поврзани новости