435
Албанскиот премиер Еди Рама денеска рече дека не се заканил со вето за приемот на Македонија во НАТО. Објасни дека само се залага за целосно исполнување на Рамковниот договор.
Ова тој го изјави на заедничката пресконференција со српскиот премиер Александар Вучиќ во Тирана, на која се осврна и на настаните во Куманово, за кои рече дека покажале колку е кревок мирот на Балканот. Според Рама, интерес на Албанците е територијалниот интегритет на Македонија и фукнционирањето на земјата.