Димовски: И од креираните снимки се гледа дека ДПМНЕ работи за народот

by Фокус

-Колку и да се обидувате со вашите неточни воведи да ја манипулирате јавноста и да пробувате да ја насочувате да размислува како што вие во СДСМ сакате и посакувате да ги осилувате вашите сопартијци, се повеќе станува јасно и од вашите креирани и сечени материјали како овие денешниве дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои работат за својата земја и за својот народ, дека се трудат согласно законите да реализираат проекти кои ќе обезбедат вработувања на луѓето и економски развој на државата, рече Илија Димовски на пресконференција по повод денешната „бомба“ што ја објави опозицијата.

Тој изјави дека политиката на Заев носела само штета на граѓаните и на целата држава. Нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ граделе аеродроми, големи и мали хидроцентрали, донеле странски инвеститори кои отворале фабрики кај што се вработувале луѓе од сите нации и вери.

-Готово е господине Заев. Готово е со вашата штетна и погубна политика и стратегија. Очигледно е дека ниту вие, ниту вашата политичка партија нема што добро да и понуди на нашата држава и нашите граѓани. Тоа се гледа секој ден. Ниту еден креиран, сечен и монтиран материјал тоа не може да го промени, рече Димовски.

 

Поврзани новости