Оќелавевме со Димитар чекајќи го членството во Европската унија, рече албанскиот премиер, Еди Рама и предизвика општа смеа на панел-дискусијата за Западен Балкан во рамки на Глобалниот форум за безбедност во Братислава.
Во контекст на ставот дека Европејците треба да бидат реални, отворени и искрени, тој потсети на ветувањата од Солунскиот самит на ЕУ пред 20 години.
– Во Солун беше кажано дека ќе бидеме дел од ЕУ уште пред да ми падне косата. На Димитар му падна косата. Сега сме ние двајца ќелави мажи затоа што веруваме дека ќе бидеме членки брзо – изјави Рама на заедничкиот панел со Ковачевски на кој беа најавени како „важни играчи на Западен Балкан.
-Еди е најголемиот провокатор меѓу Социјалдемократите, „реплицираше“ Ковачевски по што следуваше гласно смеење во салата.
Претходно Рама ја критикуваше ЕУ и рече, ако Балканот се закашла, за ЕУ тоа е рамно на пневмонија.
„Ние на Западен Балкан преку болка и фрустрација имаме сфатено дека ЕУ се движи многу бавно и сфативме дека нема стратешка визија. Иако имаше геополитичка загриженост во рутиски изрази за влез на трети играчи на Западен Балкан, но ништо конкретно не се правеше. Најзпрепастувачки беше кога не’ погоди пандемијата и кога сите ние бевме целосно изолирани и гледавме како земјите од ЕУ брзаат и се трудат да се заштитат во нивните граници. Кога дојдоа вакцините дистрибуцијата не го зеде во предвид фактот дека има шест земји опкружени со нивните граници. Ние како Албанија се свртевме кон Турција, Србија, Кина и Русија. Со цел да најдеме помош да спасиме животи. Ако не беше Ердоган, Албаниија ќе претрпеше големи жртви. Беше лудило, а беше реалност. ЕУ се разбуди со руската агресија. Добивме отворање на преговорите. Сега е јасно. Не можеме да чекаме уште години, за да добиеме реална поддршка. Тој јаз се проширува. Многу зборуваат дека ни пружаат поддршка, но бројките се безмилосни. 90 посто од поддршката за инфраструктуира, енергетиката доаѓа преку заеми, а само 10 осто преку грантови. Најголем процент од грантовите е техничка помош, рече Рама.