Aлбанскиот премиер Еди Рама, денеска во Тирана изјави дека вo EУ зборот проширување се користи сe помалку.
-Мислам дека станува се појасно дека проширувањето и членството на Западен Балкан е сe помалку реторика на Европската унија. Проширувањето е збор кој се помалку се користи со страст и волја со која се користеше пред неколку години и нема сомнение дека на процесот на проширување ќе му треба повеќе време, затоа ЕУ треба да го вклучи Западен Балкан во заеднички дела – рече Рама.
Со цел приближување на Балканот до ЕУ, според него, инициран е процесот „Отворен Балкан“.
-Има многу конфузни дискусии за Берлинскиот процес, за Отворен Балкан, но за мене тоа е многу јасно. Отворен Балкан е инспириран од Берлинскиот процес, тоа е природен развој на Берлинскиот процес, тој е инструмент создаден во регионот, за да се пласираат сите напори од регионот, за да се имплементираат принципите и целите на самиот Берлински процес – додаде Рама.