Маричиќ: Нема потреба од парламентарни избори

by fokus

Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека СДСМ ќе освои поголем број општини од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, нема потреба од вонредни парламентарни избори.

-Во 2017 година, кога ја напуштија власта, ВМРО-ДПМНЕ ги остави општините со огромни долгови, а Владата на СДСМ даде 50 милиони евра на општините да ги покријат долговите. Затоа на овие избори ќе победиме, во најголем број на општини. Очекуваме освојување на поголем број на општини од ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме да победиме во градот Скопје и нема никаква потреба од вонредни парламентарни избори – рече Маричиќ на ТВ 24.

Тој додаде дека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не е во Скопје, туку е во Будимпешта, каде доби азил поранешниот лидер на оваа партија Никола Груевски.

Поврзани новости