Рама: Се отвора врата на секој што ќе ти дојде дома, се надевам дека Курти не заборавил

by Fokus

Се надевам дека Албин Курти не заборавил дека кога некој ќе ти дојде дома, му се отвора вратата, изјави албанскиот премиер Еди Рама, кој е во посета на Македонија, во одговор на новинарско прашање како што го коментира ставот на косовскиот премиер Курти дека не сака да се сретне со него и дали тоа ќе значи намалување на угледот на Албанците во регионот.

Тој рече дека прашањето за угледот на Албанците во регионот треба да се остави на Албанците да го третираат.

„Во Косово кога ќе отидам се уште имам надеж дека Албен не заборавил на канонот дека кога кој било и да ти дојде дома му се отвора вратата и забрането е да го извадите од дома додека не заврши со зборот“, кусо одговори Рама за одбивањето на Курти да се сретне со него.

На инсистирање на новинарите, тој сепак да даде коментар за Косово и за премиерот Курти, особено што Косово не е дел од иницијативата „Отворен Балкан“, и дали извлекол поука од тоа што Албанија е дел од процес во кој го нема Косово каде живеат нивни браќа и каде имало крвопролевање за независност, Рама рече дека „Отворен Балкан не е иницијатива која исклучува .

„Отворен Балкан илјада пати да се вратам назад илјада пати ќе го основав. Не е иницијатива која исклучува. Тоа е една од 72 иницијативи од овој регион. Какво лошо има нашиот регион од отворен Балкан!? Не разбирам како има сомнежи кога има придобивки регионот“, рече Рама.

Тој рече дека за односите на Албанија со Косово ќе зборува во косово, и дека нема потреба тука да дава изјави.

„Во однос на братството или крвопролевањето е најпогрешниот пат на албанското разбирање денес.  Да се закотвиме во минатото, а уште повеќе да се обвинуваме меѓу себе кој е вистински патриот. Вистински патриот е тој што ја сака својата земја и не му мисли зло на никој друг“, рече Рама.

Поврзани новости