Албанскиот премиер Еди Рама, чиј нов владин кабинет треба да биде изгласан денеска, при презентацијата на владината програма повторно ја критикуваше Приштина што не се приклучила на иницијативата „Отворен Балкан“.
-„Отворен Балкан“ не е игра на Србија. Отворен Балкан не е руски или кинески заговор за заживување на Југославија. Тоа не е отстапување од интеграцијата. Сето ова се приказни на гугл, со непријател кого Косово, Албанија, конечно го победија како непријател во вистинската војна со топови и пушки, благодарение на САД и најголемите европски сојузници – порача Рама.
Според него, одлуката на Приштина е избрзана. Како што вели тој, сагата за конфликтот Косово-Србија никогаш не се затвора со изолација, туку само со отворање и пристапување кон проблемот.
-Косовските власти треба да ја донесат одлуката, додека наше е само да ги почитуваме. Сепак, албанските власти одлучуваат за Албанија и тие мора да ги почитуваат нашите одлуки. Ако не ни се допаѓаат одлуките, треба да разговараме за нив, но никогаш да не ги прогласуваме за предавници, проруси и просрби, оние кои размислуваат поинаку, играјќи со незнаење – порача Рама.