Рама повторно остар кон ЕУ: Не сум фрустриран, туку тажен

by Фокус

Албанскиот премиер Еди Рама за емисијата „Talking Europa“ на France 24, задржувајќи се на преговорите и самитот во Брисел, вели дека Албанија не е таа што направила бавен процес кон ЕУ, туку Европската Унија е таа што го забавила напредокот на овој процес. 

-Не е Албанија која бавно напредуваше кон ЕУ, туку ЕУ забави. Не сум фрустриран, туку многу тажен поради неуспехот на Европската унија да го  исполни ветувањето дадено на Албанија и Северна Македонија, нагласува Рама.

Кандидатскиот статус во ЕУ тој го опишува како „еден вид антидепресивна таблета за зајакнување на моралот на земјите“, но смета дека е во „право да ги признае Украинците како нација што прават многу за нас, зашто тие спречуваат најмногу да напредува страшна контра-реформа во светот што Путин сака да ја наметне“.

Поврзани новости