544
Доколку Европската унија не ги отвори вратите за Косово и не овозможи визна либерализација, „Косово и Албанија ќе се обединат на класичен начин“, смета албанскиот премиер Еди Рама.
-Прво е обединување во ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете држави ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин, изјави Рама во заедничкото интервју со косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, за приштинската телевизија „Клан Косово“.
Хашим Тачи, пак, рече дека албанскиот премиер не упатил никаква закана до ЕУ, туку дека станува збор за реалност која може да се оствари во иднина како резултат на изолација на Косово од Унијата.