Народниот правобранител бара ставовите на средношколците да се земат во предвид

by Фокус

Народниот правобранител Иџет Мемети испрати писмо до Министерството за образование во кое бара сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и средношколците, да се вклучат во планирањето на целосни и сеопфатни новини, кои ќе бидат прифатливи за сите.

-Промените не треба да се донесуваат на брз начин, без консултирање на пошироката јавност, напротив, транспарентно, преку јавна дебата, вклучувајќи ги сите инволвирани страни меѓу кои и младите, со цел планирање на целосни и сеопфатни новини, замено прифатливи, од кои ќе имаат придобивки сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина, вели Мемети.

Тој смета дека за квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието потребна е сеопфатна анализа на состојбите

Поврзани новости