571
Албанскиот премиер Еди Рама со реакција по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Македонија, велејќи дека конечно повеќе „нема никаква пречка за преговорите за членство на Албанија во ЕУ”.
-Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши, напиша Рама во објава на „Фејсбук”.
Тој додава дека „беа потребни три исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на вештачки пречки поставени пред Албанија е целосно израмнет”.