Рама им честита на Косово и Србија за постигнатиот договор

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама им го честита постигнатиот договор за личните докменти на Србија и Косово.

-Добри вести, решавање на прашањето за слободно движење меѓу Србија и Косово преку дијалог, честитки и до двете страни. Се надевам дека ваквиот развој на настаните ќе го подигне дијалогот на ново ниво, за да не се троши бескрајно време и енергија во постигнувањето на нештата кои едноставно се логични како ова денес, напиша Рама на Твитер.

Честитката следи откако комесарот за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел, објави дека Србија се согласила да ги укине документите за лицата со лични карти од Косово, додека Косово да не ги воведува за лицата со лични карти од Србија.

Поврзани новости