804
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во интервју за „Еуроњуз Србија“ говореше за „Мини Шенген“, но и за идејата за „Голема Албанија“, која честопати се спомнува во јавноста.
„Голема Албанија никогаш не постоела во албанскиот јазик, учебниците, но тоа е термин што потекнува надвор од Албанија и тој е „глупост само по себе“. Но, и Голема Србија е нешто што секогаш се споменуваше. Но, идејата за обединување во рамките на Европската унија е идеја што ги надминува етничките поделби“, вели Рама.