Рама и Лавров разговарале за ситуацијата во Белорусија

by fokus

Албанскиот премиер Еди Рама, во својство на претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), оствари 30-минутен телефонски разговор со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за се уште тенизичната ситуација во Белорусија.

За време на разговорот, според „Топ њуз“, Лавров го информирал Рама дека рускиот претседател Владимир Путин го замолил претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, да го прифати барањето на ОБСЕ за преговори меѓу политичките партии.

– Опозицијата во Белорусија ја обвинува Владата за местење на изборите, затоа Русија ја поддржа потребата од интервенција на ОБСЕ за решавање на кризата, наведува телевизијата.

„Топ њуз“ потсетува дека вчера Европска Унија го поддржала и предлогот на ОБСЕ за дијалог во Белорусија и посочи дека е подготвена да обезбеди дополнителна помош во тој правец.

Рама во улога на претседач со ОБСЕ изрази подготвеност да го посети Минск заедно со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линд, земја која ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ следната година и да разговора со сите страни, вклучени во конфликтот.

Поврзани новости