Албанскиот премиер Еди Рама го откажа патувањето за Њујорк во ООН и вечерва се враќа од Франкфурт поради создадената ситуација по силниот земјотрес што ја погоди попладнево Албанија.
Министерството за одбрана на Албанија повикувајќи се на Институтот за енергетика, вода и животна средина, соошшти дека интензитетот на земјотресот бил 5,8 степени, а со 7,5 јачина, со епицентар 30 километри од Драч, покрај островот Родон.
Медиумте јавуваат за четриесеттна повредени.
Во меѓувреме државната полиција е ставена во целосна готовност. Врз основа на наредбата на генералниот директор Анди Велиај, полицијата, вклучувајќи ја и сообраќајната, е на терен за да го регулра сообраќајот, да им злезат во пресрет на граѓаните кои имаат одредена потреба, да ја намалат паниката меѓу граѓаните и да го обезбедуваат нивниот имот.
Полицијата упат апел до граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број 112 за било каков проблем со кој се соочуваат поради земјотресот и оти веднаш ќе им излезат во пресрет.