Рама ги искритикува земјите кои не се приклучија на „Мини Шенген“: Не знам што размислуваат

by fokus

Премиерот на Албанија, Еди Рама на денешниот Економски форум во Скопје порача дека земјите од Западен Балкан не треба да чекаат затворени во своите граници, додека земјите од ЕУ си имаат свој ритам.

-Се надевам дека овојпат преведувачот ќе биде подобар од минатиот пат кога не успеа да ми ја пренесе порака. Се надевам денеска на еден позитивен ден за сите кои дојдоа не само од Србија и Македонија, туку и од Босна, Црна Гора, Косово и Грција. Мозаикот е поширок од нашите три земји. Овој регион не може да продолжи да биде заложник на минатото. И кој не разбира колку сме ситни вака поделени за да ја развиеме нашата економија, тој е казнет да живее во минатото. А, ние сакаме да се проектираме кон иднината со една иницијатива која не измислува ништо ново. Имајќи за цел заживување на постулатите на ЕУ. Зошто ние да чекаме затворени во нашите граници, свртени кон нашите ‘рбети еден спроти друг, се додека од другата страна земјите од  ЕУ си имаат свој ритам, нивни условување. На крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегираме во ЕУ ќе ги правиме она што го правиме токму сега овде без ЕУ. За смеење е кога ќе се слушнат европјаните во нивните главни градови кога прашуваат што правите вие. Како што правиме? Ние читаме бројки од европски, светски организации кои велат дека треба да го зголемиме БДП, рече Рама.

Тој порача дека секој што сака да се придружи на оваа иницијава треба сам да дојде и не треба да се прави консензус за приклучување.

-Не ми е јасно што мисли Црна Гора. Што размислуваат? Што размислува Босна и Херцеговина? Го знам ставот на Косово за оваа иницијатива, мојот став е сосема спротивен. За мене, сите овие земји треба да бидат дел од овој процес и да дадат максимум за овој процес, за себе, за своите граѓани. Секој изгубен ден е ден во минатото, порача Рама.

Поврзани новости