Вучиќ: Во светот не се многу воодушевени што моќта на одлучување е во нашите три земји

by fokus

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешниот Економски форум во Скопје порача дека меѓу Македонија, Србија и Албанија нема никакви проблеми и затоа многу лесно може да работат заедно. Порача дека земјите се на европскиот пат, но мора самите да работат за себе.

-Зоран кажа буквално се. Кога започнавме со оваа иницијатива ни се причини дека ова е победа за иднината и нешто што ќе ги промени работите на Балканот. Ние секако сме на европскиот пат, но не сме ниту глупави, ниту наивни да веруваме дека некој друг ќе работи за нас, ако самите не работиме за себе. Ние немаме никакви проблеми меѓу нас и затоа многу брзо се договараме и ги прифаќаме меѓусебните предлози. Знаеме дека нема лоши намери меѓу нас. Треба заеднички да се бориме за странските инвестиции. Да им нудиме на инвеститорите дека ќе може да отворат фабрика и во Врање и во Куманово и во Кукс, а Северна Македонија, Албанија и Србија заедно ќе обезбедат работна сила. Морам да ви кажам дека ниту во светот не се многу воодушевени што моќта за одлучување не е во нивните раце, туку во рацете на нашите три земји. А, нашите земји самостојно одлучуваат и не чекаат некој да им фрли милостина, вели Вучиќ.

Поврзани новости