730
„Шегата“ на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот, но и кон целата македонска јавност, порачува градоначалникот на Куманово и поранешен висок функционер на СДСМ, Максим Димитриевски за шегата на албанскиот премиер кој го претстави неговиот македонски колега како премиер на западна Бугарија.
-Никој не те почитува доколку не покажеш самопочит но и возвратиш почит кон тие кои те почитуваат. „Шегата“ на Рама е неприфатлива, должен е извинување и кон Премиерот но и кон целата македонска јавност. Ковачевски наместо насмевка треба да возврати со реципроцитет и да побара извинување. Молкот е повеќе од срам! Дали вака размислувате да градиме Отворен Балкан?, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.