Албанскиот премиер Еди Рама го повика КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово и оцени дека треба да се смени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Тој рече и дека основа за идните разговори за нормализација на односите треба да биде француско-германскиот план.
Рама на прес-конференцијата оцени дека треба да се промени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, според него, треба да се подигне на ниво на конференција.
-Истовремено Европската унија и евроатлантската заедница треба да бидат претставени на највисоко ниво, а Франција и Германија на ниво на претседател и канцелар.
Рама е на мислење дека основа за идните разговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина треба да биде француско-германскиот план, пишува Албаниан Дејли Њуз.
-Сегашниот формат каде што се среќаваат двајца нема што да понуди повеќе во новата ситуација, а КФОР мора да ја преземе контролата врз северот на Косово, заклучи Рама.