Познатата ракометарака Ива Стојковска од ЖРК Вардар, која се занимава и со моделство и важи за една од најубавите спортистки кај нас, демантира дека ја напушта Македонија и својот матичен клуб, поради мажачка во Америка. Вели дека не само што нема да се мажи, туку дури и нема ниту момче во моментот, а од медиумите дознала дека е „верена“.
„Не планирам да ја напуштам мојата земја и да се селам во Америка. Ја сакам мојата земја, сите мои луѓе се тука, посветена сум максимално на ракометот, а и на моделството.Не се точни приказните дека ќе се мажам, бидејќи немам ниту дечко, но баш би сакала да се вљубам, да го најдам вистинскиот и да бидам млада мајка“ – вели дваесет и пет годишната ракометарка, која почнала да тренира од својата седма година, а веќе со шеснаесет години заиграла во сениорскта репрезентација, лига на шампиони.
Додава дека била среќна затоа што ги почувствувала убавите денови на Кометал Ѓорче Петров, и била дел од него во времето кога беше актуелен шампион и веле сила во Европа. Денес игра во Вардар, но вели дека не е задоволна од моменталната состојба во ракометот.
,,Не сум воопшто задоволна од третманот кој што го добиваат домашните играчи! Странците кај нас секогаш повеќе се ценат и се форсираат, наместо да биде обратно. Тоа е голем проблем, не само во спортот, туку и во други области. Го сакам ракометот, но свесна сум дека оваа професија не може да биде вечна, најмногу поради возраста, и знам дека еден ден ќе треба да се занимавам и со нешто друго. Како што и е познато на јавноста, модата, фотосесиите и рекламите ми се големо хоби во слободното време, и имам снимено доста реклами за бутици, модни каталози, спотови… Цел ми е еден ден да имам своја модна куќа, и верувам дека ќе го остварам планираното. А кога ќе ми дојде времето за мажење, секако дека радосната вест ќе ја споделам со публиката“ – изјави за ,,Фокус“ Стојковска.
За неа се коментира дека е ракометарка која што ги полни трибините, не само поради играта, туку и поради својот изглед. Има голем број следбеници на Инстаграм, и е исто така позната и по своите провокативни и искрени статуси. Неодамна се најде во центарот на јавноста, кога на својот Фејсбук профил му посвети статус на премиерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
,,Толку се затруени, што сега Груевски да излезе и да каже – ,,Признавам сите криминали се мое дело“ ќе речат – ете Сорос го присили, а невин е“, – напиша ракометарката.
Вики Клинчарова