Ракометарите на Вардар со неверојатен пресврт ја победија Барселона и ќе играат во финале!

by Fokus

Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку Барселона! Речиси никој не се ни надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо откако имаше негатива од седум голови разлика, но чудо се случи!

Првото полувреме наговестуваше дебакл за Вардар и покрај феноменалната партија на Милосављев. Голманот во првиот дел фати 13 топки, а неговите соиграчи дадоа само седум голови.

Тимот на Вардар го победи тимот Барселона на денешниот ракометен натпревар со резултат од 29:27.

Противник на „црвено-црните“ во натпреварот за титулата е Веспрем. Големото финале се игра утре во 18:00 часот.

Поврзани новости