418
Ракометарите на Бутел не успеаја да му се приклучат на Еурофарм Пелистер во групната фаза во Лига Европа, откако вечерва загубија во Скопје од австриски Алпла Хард со 25-21 во реванш натпреварот од 2. квалификациско коло.
Македонскиот претставник имаше тешка задача на реваншот на домашен терен да ја надомести негативата од пет голови разлика од првиот натпревар (26-21), а задачата стана невозможна веќе по првото полувреме, кое Алпла Хард го реши во своја корист со 12-5.
Австријците до крајот на натпреварот рутински ја зачуваа предноста и се пласираа во групната фаза во Лига Европа со елиминација на два македонски претставници, откако Алпла Хард во 1. квалификациско коло беше поуспешен и од Еурофарм Пелистер 2.