Селмани за состојбата во ДУИ: Решението било во рацете на Али Ахмети

by Fokus

Некогашниот министер за здравство, Имер Селмани во гостувањето во ТВ 24 говореше за случувањата во ДУИ и изразените незадоволства на дел од членовите на партијата.

Како што истакна Селмани, добро е што во една политичка партија ќе има дебата, која ќе ги реши сите проблеми и недоразбирања.

„Факт е дека ДУИ со години функционира со половични тела. Сега излезе дека за состојбите во ДУИ, решението било во рацете на Али Ахмети. Мислам дека на нив им претстои огнена дебата и ќе се дебатира дали испорачале соодветни резултати за кои ветувале во предизборието. Добро е да се има дебата во една политичка партија внатре“, истакна Селмани.

Поврзани новости