Ракометари, свештеници, српскиот амбасадор во Подгорица работеле за странски служби во Црна Гора- добија забрана за влез

by Fokus

28 странски државјани добија забрана за влез во Црна Гора поради работа во интерес на странски служби.

Црногорското МВР и тамошната Агенција за национална безбедност го прекинаа престојот на овие лица и им забранија влез во Црна Гора, а одлуката важи од 30-ти јуни.

Медиумот од Подгорица, Дан, објави дел од имињата на протераните, а меѓу нив е и актуелниот српски амбасадор во Подгорица Владимир Божовиќ.

Меѓу оние што добија забрана за влез се и поранешниот српски ракометар и репрезентативец Владимир Мандиќ, ракометниот голман Дане Шијан (репрезентативец на Србија и Црна Гора), како и Братислав Стоиљковиќ кој е сопственик на консултантската компанија Адриа менаџмент сервис и е претседател на Управниот одбор на Адриа-Јадран медиумска група.

Стоиљковиќ чија телевизија Адриа денеска доби национална фреквенција веднаш по објавата на информацијата е сликан во авион кој летал за Белград. Неговите медиуми имаат блиска врска со М-Тел, српската државна комуникациско-телефонска компанија, а ТВ Адриа имаше обид да стане франшизен медиум на конзервативниот американски канал Фоксњуз.

На листата со забранет влез или прекинат престој во Црна Гора се и две црковни лица на СПЦ, протоереј-ставрофор Велибор Џомиќ кој беше координатор на Правниот совет на Црногорско-Приморската митрополија на СПЦ и архимандрит Данило кој е игумен на манастирот Дајбаби.

Поврзани новости