Заев: Ееееј…Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на македонски јазик!

by Fokus
Нашиот македонски сон стана реалност ! Потпишавме договор со Европската Унија на македонски јазик“, напиша поранешниот премиер Зоран Заев.

Северна Македонија потпиша договор со ЕУ, на кој што стојат потписите на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и потписите на нашите соседи Грција и Бугарија.

„Ееееј… Грција и Бугарија потпишаа договор со нас на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ! Сега веќе не треба да веруваме, СЕГА ВЕЌЕ ЗНАЕМЕ зошто беше храброста, решителноста, визијата… Успеавме ! МАКЕДОНЦИ со МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, признаени од целиот свет ! Радувај се мој македонски народе ! Испишавме историја !“, напиша Заев.

Поврзани новости