525
Пратеникот на ДУИ, Рафис Алити, во изјава за ТВ 21 рече дека ги поддржуваат последните активности на Специјалното јавно обвинителство и дека многу случаи кои произлегуваат од прислушуваните материјали допрва мора да се решат.
-Нашата поддршка ќе ја имаат и во иднина, во интерес на откривање на вистината за случаите со кои се занимава СЈО, но и за оние другите случаи кои ги бара од Основното јавно обвинителство. Секако пред се мислам на „Сопот“, „Монструм“, „Диво Насеље“ и на случајот со настаните во Ѓорче Петров, изјави Рафис Алити за ТВ 21.