Радовишанка (55) е тешко повредена – паднала од тротинет

by irena 14:00
14:00

МВР информира дека вчера претпладне во 11:10 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул „Ленинова“ во Радовиш, 55-годишната С.М. од Радовиш, управувајќи електричен тротинет, изгубила контрола и паднала на коловозот.

Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.

Слични вести