Гостиварец со спреј за очи и метален предмет нападна татко и син во казино

by irena 14:12
14:12

МВР информира дека синоќа во 22:00 часот на ул. „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода М.Р.(54) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести