419
На поткровјето на фабрика на ул. „Св.Спасо Радовишки“ во Радовиш вчера утрината, околу 08.00 часот, 73-годишниот Д.Р. го пронашол безживотното тело на неговиот син 48-годишниот Д.Ц. (48).
Според полициајта увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш, при што било констатирано дека смртта настапила како последица од труење со инсектицид. Во согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.