Во моментот сум на специјализација на Стоматологија, но јас наместо да сум платена како што треба, јас се уште сум на грбот на моите родители. Како и многумина мои пријатели, и јас помислив да се отселам. Но, кога и да правам план за бегство, нешто ме враќа назад, истакна првата говорничка на централниот митинг на СДСМ, студентката на Стоматологија, Елена Радевска.
– Си давам последна шанса. Викам, пробај да успееш тука. Тажно е моите родители да не ги гледаат своите внуци. И, еве уште сум тука и со последни сили се борам со самата со себе. Да си одам или да почекам уште една последна шанса за живот во Македонија. Е, нема да дозволам некои ситни криминалци да ме избркаат од мојата земја, неспособни политичари да ме уништат. Сигурно сум дека наскоро ќе го вратиме животот во Македонија. Добивме последна шанса гласно да се спротиставиме на режимската власт која гази по нас. Да гласаме, задржете ме тука, да ги вратиме нашите млади назад – истакна Радевска.