Богоевски: Тука сум, за да не ни се повтори уште еден Никола Груевски

by Fokus

Ова место ми буди лоши и конфликтни спомени. Во овој прескапо платен куп барокно ѓубре беа смислени најкриминалните нешта на нашата држава, рече Павле Богоевски, кандидат за пратеник од ИЕ 1 пред иладниците насобрани граѓани на митингот на СДСМ пред Владата.

– Затоа ова место тоа стана неодминлива цел на сите наши протести, оваа улица стана дом овде, многумина беа тепени, газени тука од паравојската на оваа криминална власт, а ние бевме нарекувани хулигани  затоа што кренавме глас против овој режим. Како не сфаија дека ќе го издржиме секој удар затоа што нашот сон е поголем од сите нивни удари. Никола, колку и да се трудиш да не уништиш, како плевел ќе никнеме и ќе ја браниме нашата држава. Тука сум за да не ни се повтори уште еден Груевски. Доста беше молк – рече Богоевски.

Тој го заврши неговиот говор со „Нема правда, нема мир“.

 

Поврзани новости