263
Со претседателката на Република Северна Македонија имавме многу искрен и конструктивен разговор во пријателска атмосфера, им рече бугарскиот претседател Румен Радев на новинарите, пренесе репортерот на „Фокус.бг“.
„Очекувам оваа искажана желба за отвореност да ја преземе Владата на РСМ, но нека биде јасно дека ова не беше ниту државна, ниту работна посета. Се надевам дека претседателката на Република Северна Македонија наскоро ќе дојде во државна посета, што со сите официјални средби ќе придонесе за понатамошен развој на нашите односи, доколку го следиме протоколот, редно е да одам таму“, рече Радев.
Тој додаде дека средбата била во пријателски дух и дека тоа е навистина добар почеток за целосно да ѝ се помогне на РСМ.