Радев: Ќе има целосна блокада на државата ако вака продолжи Парламентот

by Fokus

Бугарскиот претседател Румен Радев кој е во Брисел, денеска изјави дека очекува народните избраници да ја исполнат својата должност кон бугарските граѓани и државата и да изберат претседтаел на Парламентот.

-Треба да се решат многу проблеми, многу закони се чекаат, важни државни органи работат во нецелосен состав или со поминат мандат. Ако продолжиме вака, ќе ја доведеме државата во целосна блокада, изјави тој.

Според него, шефот на државата може да даде мандат кога има структурирани пратенички групи.

Поврзани новости