Бугарија ја злоупотребува моќта како земја членка на ЕУ да каже дека Македонија во суштина се вештачка земја, вели аналитичарот и предавач на Школата за меѓународни напредни студии Џон Хопкинс Едвард Џозеф во интервју за Радио слободна Европа.
Тој додава дека позицијата на Бугарија кон Македонија е дека не само што е вештачка земја и југословенска вештачка творба, туку и нашиот јазик и историја се базира врз бугарскиот идентитет.
– Она на што можам да укажам е фактот дека личности во Бугарија за кои е познато дека имаат многу силни проруски афинитети како претседателот Румен Радев и како претходниот премиер Бојко Борисов имаат силна руска наклонетост. Тоа е под број еден. Под број два е дека бугарските експерти кои се од Бугарија ми велат дека има многу корупција. Многу коруптивни руски пари во Бугарија и ние знаеме дека ова е стандарден метод на операција.
Дали јас Едвард Џозеф може да укажам и дa дадам доказ за некој криминалец кој го земал законот во свои раце- Не. Но, да кажеме дека е веродостојно, но исто така мора да се потсетиме дека е возможна доброволна природа на тие кои се подредени на Русија. Дури и да не добиваат некои инструкции нивната подреденост е антидемократска и проруска и тие го експлоатираат ова македонско прашање за да го постигнат тоа, вели Џозеф за РСЕ.