Девојче и нејзината мајка тешко повредени во гранатирањето на Киев

by Fokus 10:51
10:51

Едно 7-годишно девојче и нејзината мајка се потешко повредени во утринскиот ракетен напад во главниот град на Украина Киев. Спасувачките екипи засега евакуирале 25 лица, а има и четворица повредени, јавува специјалната известувачка на Слободен печат и Утрински брифинг Кристина Атовска од Киев.

Експлозиите се случиле околу 6:30 часот по локално време половина час откако се огласиле сирените за воздушен напад во главниот град.

-Неколку експлозии се регистрирани денеска наутро во украинскиот главен град Киев, по што итните служби се распоредени во градската област Шевченко… Во две згради во тек е спасување и евакуација на ителите, објави градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм.

 

Поврзани новости