493
Рабоните групи во Клубот на пратеници денеска ги продолжуваат преговорите, но овој пат наместо за медиумите, тема ќе биде избор на членови на Државната изборна комисија.
Според договорот од Пржино, експертите треба да бидат прифатливи за сите политички партии. Со договорот зголемени се и ингеренциите на ДИК, па сега комисијата има надлежност да одлучува и за ветата на дополнителните министри и заменици – министри. Предвидено е ДИК да има девет членови, тројца предложени од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти. Од редот на експертите ќе се избере претседател на ДИК и негов заменик.