Груевски, Мијалков, Јанкулоска, Јанакиески, кој прв ќе седне на жешкото столче на сослушување пред Анкетната?

by Фокус

Никола Груевски, Зоран Ставрески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протуѓер, Сашо Мијалков и Миле Јанакиевски се шестмината владини функционери кои први се повикани да дадат изјави пред членовите на Анкетната комисија, а еден од нив во среда треба прв да седне на жешкото столче.

Сослушувањето на првите сведоци треба да заврши до 15 овој месец, по што партиите може да предложат нови сведоци.

Пред одреден период, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави дека седниците на кои ќе сведочат нивните фунционери ќе бидат затворени за јавноста, за да се дојде до вистината, а да не се правел театар.

Поврзани новости