Во приватна фирма кај Крагуевац утрово експлодирала плинска боца, повреден е еден работник, пишуваат српските медиуми.
„Дошло до експлозија на боца со кислород во приватна фирма во Белошевац, кај Крагуевац, а еден работник е тешко повреден. Во производствената хала на компанија денес околу десет часот експлодирала боца со кислород. Екипата на Итна помош го згрижила повредениот и го однела во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац“, пишуваат српските медиуми.
На местото на несреќата се припадници на Полициската управа и Бригадата за противпожарна заштита.
Според информациите од УКЦ Крагуевац, повредениот се здобил со тешки повреди на главата, градниот кош, стомакот и екстремитетите. Пациентот моментално се наоѓа во операционата сала, каде лекарите се борат за неговиот живот