Ковачевски: Мицковски измислува нови лаги, кои шират страв кај народот

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски денес изјави дека  последната изјава на претседеталот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски според кој „власта со уставните измени работи на создавање бинационална држава“, е шоекулација, замајување на јавност и најнова лага.

„Тоа е уште една од низата небулози и замајување на јавноста од страна на опозицијата, истата таа опозиција зборуваше и дека во државата ќе има не знам колку милиони мигранти, дека државата ќе се кантонизира, дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станеле бугаризирани и асимилирани и дека ќе сме го изгубеле македонскиот јазик, но ништо од тоа не се случи. Ова е најновата во низата лаги. Се работи за шпекулација и за зборување нешто од немајкаде“, ја коментираше Ковачевски изјавата на Мицковски.

Тој во одговор на новинарски прашања по пуштањето во употреба на магистралниот пат Куманово – Страцин рече дека кога сите факти ќе го побијат тоа што го зборува Мисковски, не му останува ништо друго освен да измислува нови лаги кои шират страв кај народот.

„Работната група за уставните измени има обврска да ги подготви измените согласно преговарачката рамка. Владата ќе биде подносител, а се работи за промена на Преамбулата и внесување други делови од народи во неа, каде веќе има и други делови од народи. Тоа е обврска која е императив и основна работа на Работната група, а потоа и на собраниските тела“, рече Ковачевски.

Тој рече и дека се уште не ја слушнал изјавата на бугарскиот спикер, но дека промената на Преамбулата и внесувањето на деловите од бугарскиот народ кои се самоопределуваат како Бугари, е дел од преговарачката рамка во која обезбедиле заштитен македонски јазик и идентитет и со која Република Северна МАкедонија ги почнува преговорите со ЕУ.

„Ова е една од обврските која нашето Сообрание ќе ја направи и потоа ќе продолжиме со отворањето на поглавјата и кластерите“, рече Ковачевски

Поврзани новости