600
Градежен работник вчера загинал во моментот додека извршувал работи на кран, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 14.20 часот на ул. „Никола Вапцаров“ во Скопје, Ц.Т. (57) од с.Ново Лагово, прилепско, вработен во приватна фирма, додека извршувал работи на кран на висина од четири метри, во моментот кога се откачила дигалката тој паднал на земја и се здобил со повреди по што веднаш бил пренесен во Ургентниот центар Скопје. По кратко време Ц.Т. им подлегнал на повредите.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.